Емили Ратајковски / Фото: EPA/DAVID SWANSON

ФОТО | Емили Ратајковски официјално потврди дека е во врска со поранешниот на Дуа Липа, објави интимни фотографии

Познатата манекенка Емили Ратајковски официјално потврди преку социјалните мрежи дека е во врска со Ромен Гаврас, француски режисер и поранешно момче на Дуа Липа.

Таа сподели серија фотографии на кои позираат заедно, вклучувајќи една направена на улица покриена со снег во Њујорк.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Среќна сум за тебе“;„Прекрасен пар“; „Прво беше со Дуа, а сега е со Емили? Овој маж ги живее нашите соништа“, се некои од коментарите на објавата.

Парот за првпат беше виден заедно во јавноста минатиот ноември, кога фотографите ги фатија како разменуваат нежности за време на прошетка.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, францускиот режисер Ромен Гаврас е познат на јавноста и по своите врски со Дуа Липа, со која беше во 2023 година, и Рита Ора.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Емили Ратајковски претходно излегуваше со Хари Стајлс. Таа беше во врски и со Ерик Андре, Пит Дејвидсон и диџеј Оразио Рисп. Од 2018 до 2022 година, таа беше во брак со Себастијан Бер-Меклард, а поранешниот пар има четиригодишен син, Силвестер Аполо Бер.

ФОТО | Емили Ратајковски со бакнежи во јавност ја потврди врската со 10 години постариот режисер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот