ФОТО | Елизабет Харли објави заводливи фотографии и ја откри тајната на виткото тело
Актерката Елизабет Харли влезе во своите 60-ти години, но нејзините најнови фотографии, кои ги воодушевија обожавателите на нејзините социјални мрежи, покажуваат дека актерката изгледа исто како кога ја гледавме на екраните во 90-тите.
Препорачано
Освен што го „запали“ Инстаграм со заводливите фотографии, таа веднаш одговори на прашањето што ги интересира сите – која е нејзината тајна за здрав изглед?
Таа разиграно позираше во долен дел од црвено бикини од нејзиниот бренд за костими за капење и бел џемпер на креветот. Елизабет откри трик за убавина во кој „се колне“ под објавата.

– Јас лично не пијам чудни зелени сокови ниту земам многу додатоци во исхраната, но пијам две чаши топла вода прво нешто секое утро откако знам за себе и се колнам во тоа (и е бесплатно) – напиша таа.

Обожавателите веднаш реагираа во коментарите: „Го обожавам овој вистински совет од жена со природна убавина“; „Никогаш не сум слушнала за тој режим на убавина или здравје, но ќе кажам дека ти си доказ дека дефинитивно функционира. Изгледаш спектакуларно“; „Значи тоа е тајната!“; „Ти си супермодел“.


