ФОТО: Една од најплатените и најубави жени во Холивуд наполни 36 години – Да се потсетиме како се менуваше таа низ годините

Profimedia
Фото: Profimedia

Слатката Скарлет Јохансон преку ноќ порасна во една од најсексипилните актерки во Холивуд и жени воопшто, а по повод нејзиниот роденден се сеќаваме како славната актерка се менуваше низ годините…

Иако е родена во Бронкс, од страната на нејзиниот татко таа влече дански корени, што го објаснува нејзиниот „блонди“ тен, сините очи и светлата коса. Започна да глуми уште како дете, најпрвин во кината во Њујорк, а од 1944 година и на филм.

Светската слава ја стекна во улогата „Шептач на коњи“ која со подоцнежните улоги во филмовите „Загубени во преводот“ и „Завршен удар“ само ја потврди. По снимањето на филмот „Завршен удар“ режисерот Вуди Ален ја прогласи за своја нова муза.

Profimedia
Profimedia

Кога само што започна да се појавува на црвените теписи, како на пример на премиерата на филмот „He’s Just Not That into You“, Скарлет Јохансон беше американска убавица пред која стоеше блескавата кариера за филм. Денес 36-гдишната актерка е една од најбараните и најплатените во Холивуд, а многумина ја сметаат и за една од најубавите жени во светот.

Таа имаше смеѓа долга коса како типична американска девојка од соседството, но со тек на време започна да експериментира и многу брзо стана секс симбол по кој мажите мечтаат.

Profimedia
Profimedia

Седум години откако магазинот „Esquire“ ја прогласи за најсексипилна жена во светот, прекрасната актерка во 2013 година стана првата која оваа титула ја освои по втор пат, а истата година беше прогласена и за најдобра актерка на филмскиот фестивал во Рим.

Profimedia
Profimedia

Ѕвездата од Марвеловите филмови зад себе има брак со актерот колега Рајан Рејнолдс и францускиот новинар Ромаине Доуриак со кој ја има петгодишната ќерка Роуз, а по двата неуспешни брака вербата во љубов ѝ ја врати Колин Јост, ѕвездата и коавтор на шоуто „Saturday Night Live“, со кој заплови во брачните води на крајот на октомври со мала скромна интимна церемонија.

Profimedia
Profimedia

Скарлет и Колин се запознале во текот на неговата прва година на работење на шоуто „Saturday Night Live“ кога тој добил задача да направи скеч за славната актерка.

„Се сеќавам на неа, прекрасна, паметна, пријатна и застрашувачки софистицирана. Ја имаше и таа грациозност и насмевка кога никогаш претходно, а ниту подоцна не ја видов кај никој друг“, откри Колин Јост.

Profimedia
Profimedia
Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот