ФОТО | „Еден од омилените моменти“: Хилари Свонк позираше гола во седмиот месец од бременоста

Хилари Свонк
Хилари Свонк / Фото: EPA/BRITTA PEDERSEN

Американската актерка Хилари Свонк, која неодамна роди близнаци, на својот инстаграм-профил објави фотографија од трудничките денови на која позира без облека гушкајќи си го трудничкиот стомак.

„Благодарам Брајан Боуен Смит што ‘фати’ еден од моите омилени моменти во животот, бременоста. Тука бев бремена 27 и пол недели“, напиша Свонк на фотографијата.

Фото: Инстаграм/Хилари Свонк

Сликата за еден ден собра повеќе од 110.000 лајкови, а коментираа многу нејзини пријатели и фанови, како и човекот кој ја направи фотографијата.

„Каков прекрасен момент. Ми беше чест да те фотографирам. Те сакам“, напишал Смит.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Инаку, Свонк и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер на 9 април им посакаа добредојде на девојче и момче, чии имиња сѐ уште не ги открија, ниту му ги покажаа на светот.

Фото: Инстаграм/Хилари Свонк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот