ФОТО: Еден од најпопуларните холивудски парови на прошетка во „пижами“

Instagram

Пејачката Камила Кабељо (23) и пејачот Шон Мендез (22), моментално се еден од најпопуларните млади холивудски парови. Тие неодамна беа фотографирани за време на нивна утринска прошетка во Мајами.

Instagram

InstagramКамила и Шон се заедно повеќе од една година. Американските медиуми „шпекулираа“ дека станува збор за само добар трик маркетинг трик за да се стекнат со поголема слава.

Instagram
Instagram

Нивните обожаватели постојано застануваат во нивна одбрана велејќи дека веројатно не би „глумеле“ цела една година. Како и дека на секоја заедничка фотографија, се гледа нивната љубов е вистинска.

Во неделата беа фотографирани како се шетаат по улиците на Мајами боси, во облека што навистина наликува на удобни пижами и утринско кафе во рака.

Instagram
Instagram

Во американските медиуми повторно се отвори темата за овој холивудски пар кои во моментов имаат сè. Стабилна врска, голема популарност, удобен и навидум безгрижен живот.

Instagram
Instagram

Ова е ретка ситуација што папараците да успеат да ги фотографираат младите пејачи, со оглед на тоа што избегнуваат да се појавуваат заедно во јавноста уште од објавувањето на нивниот заеднички хит „Señorita“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот