ФОТО | Ѕвездата на „Игра на тронови“ доживеа семејна трагедија: Тагата што ја чувствуваме е огромна

Фото: Instagram / thorbjornsson

Хафтор Бјорнсон, ѕвездата на серијата „Игра на тронови“ откри дека неговата сопруга Келси Хенсон го изгубила бебето за време на бременоста. Актерот, најпознат по улогата на „Планината“ во хит-серијата на „ХБО“, ја сподели шокантната вест на својот инстаграм-профил, пишува „Дејли мејл“.

Тој откри дека решиле да ја именуваат својата ќерка Грејс Морган Хафторсдотир и дека таа е родена во 21. недела од бременоста. Бјорнсон во објавата на Инстаграм објасни за трагичната загуба, покрај фотографијата од него и неговата сопруга во болница.

„Со голема тага го објавуваме раѓањето на нашата ќерка. По забележливото намалување на движењето, откривме дека нејзиното срце престанало да чука. Зборовите не можат да ја опишат нашата болка за оваа загуба или нашата среќа да можеме да поминуваме време со нашата ќерка“, напиша тој.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Бјорнсон рече дека Грејс изледала „апсолутно убаво“, опишувајќи ги нејзините „руси трепки и веѓи и мала насмевка за мама и тато“.

„Љубовта што ја чувствуваме кон неа е огромна. Тагата што ја чувствуваме ќе биде со нас засекогаш, но и љубовта “, додал актерот.

Тој ја завршил објавата со молба за приватност и разбирање додека ја пребродат оваа неподнослива загуба.

Фото: Instagram / kelc33

„Сите надежи и соништа за неа ни се одземени, но знам дека повторно ќе бидам со неа. Нејзиниот дух живее преку нас и нејзините браќа и сестри“, напиша тој.

Покрај неговиот тригодишен син Стормур, кого го дели со Хенсон, Хафтор Бјорнсон е татко и на ќерката Тереза ​​Лиф, која ја има со поранешната девојка Телма Бјорк Штајман. Бјорнсон и Хенсон се венчаа во октомври 2018 година на Исланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот