ФОТО | Ѕвездата на „American pie“ на листата 100 највлијателни личности во 2023: Им даде совет на помладите жени

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Магазинот „Тајм“ ја објави својата годишна листа на 100 највлијателни луѓе, меѓу кои е и актерката Џенифер Кулиџ.

Актерката неодамна доби Златен глобус за улогата во серијата „White Lotus“ во категоријата најдобра споредна женска улога. Неколку дена подоцна ја доби наградата на критичарите за истата улога.

Џенифер во интервју за споменатиот магазин се осврна и на претходните улоги и рече дека ѝ е многу драго што нејзината работа била препознаена.

Фото: Инстаграм

„Апсолутно ми е збунувачки што ова се случува. Но, погодете што? Ми се допаѓа. Се чувствувам како да сум била затворена во кутија под креветот, а сега сум надвор. Мило ми е што ме пуштија да излезам од таа кутија, вака е многу подобро“, рекла актерката.

Кулиџ им дала совет и на помладите жени помалку да се грижат дали ќе бидат прифатени. И нагласила дека мора да го пронајдат својот пат.

„Постоеше огромен дел од мојот живот што го потрошив на обидите да најдам момчиња кои не ме сакаат, наместо само, знаете, да се грижам за работата и да работам на моите работи“, рекла актерката.

Џенифер Кулиџ / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Покрај Џенифер Кулиџ, на листата на „Тајм“ за највлијателни луѓе се и Остин Батлер, Зои Салдана, Колин Фарел, Селма Хајек, Лионел Меси, Анџела Бејсет, Доџа Кет, Бијонсе, Бела Хадид, сопругата на Зеленски, Олена Зеленски…

Златен глобус 2023: „The Banshees of Inisherin“ и „The Fablemans“ со блескава победа на годинашните филмски награди

Ѕвездата на „Американска пита“ призна: Спиев со 200 мажи благодарение на филмот

ФОТО | Џенифер Кулиџ одби да снима реклама за хот-дог: Веганка сум!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот