ФОТО | Ѕирнете во станот на најбогатата Американка, кој вреди 25 милиони долари

Алис Волтон/Фото: Профимедиа

Алис Волтон е најбогатата жена во Америка, втора во светот по Франсоаз Бетенкур Мејерс, сопственичка на компанијата „Л’ Ореал“. Алис, која е родена во Њупорт на 7 октомври 1949 година, по смртта на нејзиниот татко, наследила богатство од акциите на познатиот синџир супермаркети „Волмарт“.


Алис дипломирала економија на Универзитетот Тринити во Сан Антонио, Тексас, и работела како аналитичка на капитал и брокерка, а потоа, во 1988 година основала инвестициска банка.

Интересно е што Алис долго време живеела на ранч, но потоа решила да се пресели во луксузен стан на Менхетен. Станува збор за позната зграда на адресата Парк авенија 515, во која има станови само за ултрабогатите.

Таа го платила 25 милиони долари. Иако тоа на повеќето им изгледа исклучително скапо, за Алис и не е –  таа тежи околу 60 милијарди долари, проценува „Форбс“.

Инаку, Алис во прочуената зграда ги зазела 30-от и 31-от кат. Овој огромен стан се простира на околу 580 метри квадратни, има пет соби, шест бањи, големо скалило и 52 прозорци кои нудат панорамски поглед на градот. Кујната е од нерѓосувачки челик, а станот има и библиотека осветлена од сонце.

Дневната соба е полна со високи прозорци и има камин на дрва.

Поранешната на Безос не ги штеди парите добиени од разводот: Досега донирала 9,2 милијарди долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот