ФОТО | Ѕирнете во прославата на 40-тиот роденден на Душко Тошиќ: Објавени фотографии од славењето, еве кој бил со него цело време
Поранешниот српски фудбалер Душко Тошиќ вчера наполни 40 години, а роденденот во кругот на семејството го прослави еден ресторан во Белград. Тошиќ на својот профил на Инстаграм сподели неколку фотографии, од кои две се издвоиле.
Препорачано
На едната фотографија Душко позирал со ќерките Атина и Ника, кои ги доби во бракот со поп пејачката Јелена Карлеуша, додека на другата биле сите тројца со другите членови на семејството.


Инаку, уште на полноќ на роденденот на Душко, се појави првата честитка од неговата помала ќерка Ника Тошиќ.
Ника му се обрати на својот татко со емотивна фотографија на која го гушка кога била мало девојче, пишувајќи накратко:
– Среќен роденден тато.
Да потсетиме, неговата поранешна сопруга Јелена Карлеуша неодамна за српски „Телеграф“ зборуваше за нивниот развод. Иако, како што рекла, за нивниот брак не може да каже ништо добро, поради почит кон љубовта која нивните девојчиња ја имаат кон својот татко, таа се држи до одлуката дека за него никога ништо лошо нема да каже.


