ФОТО | Џенифер Лопез во провокативно издание на црвениот тепих: Градите ѝ ѕиркаа од металниот оклоп

Фото: AFF-USA / Shutterstock Editorial / Profimedia

Џенифер Лопез и Бен Афлек се појавија заедно на црвениот тепих на настанот Жени во Холивуд на списанието „Ел“ (ELLE) во Лос Анџелес.

Џенифер и Бен покрај бакнежот на црвениот тепих го привлекоа вниманието на присутните поради необичното издание на музичката ѕвезда. За овој настан Џеј Ло избра футуристички дизајн на Грејс Линг, кој е комбинација од здолниште со висок струк и сино-метален оклоп во пределот на градите.

Фото: AFF-USA / Shutterstock Editorial / Profimedia

Сепак, ова ризично модно парче и зададе мака на латино дивата бидејќи додека мирно им позираше на фотографите немаше никаков проблем, но секогаш кога малку ќе се помрдне и паѓаа градите. Футуристичко-глам изданието на Џенифер беше комплетирано со висечки сребрени обетки, залижана коса, истакнати очи и едноставна црна чанта.

Фото: Avalon / Avalon / Profimedia

Џенифер Лопез деновиве напорно работи на промотивната кампања за новиот албум „This is Me… Now“ кој е продолжение на студискиот албум „This Is Me… Then“ од 2002 година. Ова ќе биде нејзиниот деветти студиски албум по 10-годишна пауза од музиката, бидејќи последниот беше објавен во 2014 година под наслов „АКА“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот