ФОТО | Џена Ортега го потврди статусот на моден визионер и модна муза на новата генерација дизајнери

Покрај Ким Кардашијан во драматична креација од „Мезон Марџиела“ што вклучуваше целосно прекривање на лицето, најголемо модно внимание на овогодинешното издание на свечената галата на Academy Museum во Холивуд го обезбеди главната актерка од хит серијата на Нетфликс „Wednesday“.

Џена Ортега, која во последните неколку сезони го потврди својот статус на модна муза на новата генерација дизајнери, уште еднаш го докажа своето чувство за софистицирана драма со лесно комбинирање на готската естетика со гламурот на високата мода – со помош на нејзиниот долгогодишен стилист Енрике Мелендес.

Sipa USA / ddp USA / Profimedia

Нејзиниот избор падна на авангардна креација од Грејс Линг – фустан со метален горен дел што изгледа како скулптура на лист од течно сребро и целосно гол грб.

Amy Sussman / Getty images / Profimedia

Долниот дел беше едноставно, сатенско здолниште во богата, длабока нијанса на слива. Токму оваа комбинација од структуриран футуризам и елегантен минимализам го одразува моменталниот правец на модата, но исто така го зајакнува угледот на Ортега како моден визионер.

Воодушевувањето на социјалните мрежи беше огромно, со коментари дека „таа е уметност“ и дека е „владетелка на вечерта која никогаш не промаѓшува“.

Ова издание на 23-годишната Ортега доаѓа недолго по уште едно смело појавување, она на доделувањето на наградите Еми, каде што се појави во фустан од Живанши од актуелната колекција на дизајнерката Сара Бартон.

ФОТО | Нема да верувате колку тежел горниот дел од скапоцени камења што го носеше Џена Ортега на црвениот тепих

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот