ФОТО: Две постари жени во болницата во Сисак во ист кревет, директорот вели дека пациенките лежеле заедно, но само кратко

Фото: Јутарњи лист

На фејсбук-страницата Hitna uživo 194 објавена е фотографија од две постари жени кои заедно се сместени во кревет за еден пациент во Општата болница „Д-р Иво Педишиќ“ во Сисак, Хрватска.

Директорот на болницата во Сисак, д-р Томислав Дујменовиќ, за Јутарњи лист потврди дека фотографијата е автентична. Тој посочи дека во тоа време имало премногу пациенти и дека двете жени само кратко биле заедно во кревет.

За неколку часа ситуацијата била ставена под контрола.

„Наша примарна цел е да го заштитиме здравјето и животот на нашите пациенти и со ова изразувам жалење доколку ова беше непријатна ситуација за пациентите, но во тој момент беше неизбежна за да се избегнат многу посериозни и непријатни сценарија“, изјави директорот Дујменовиќ за Јутарњи лист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот