Instagram

ФОТО: „Дизни“ одбра актерка која ќе ја игра Снежана

Актерката Рејчел Зеглер е избрана да ја игра Снежана во филмуваната верзија на класичната бајка од 1937 година на „Дизни“.

Таа ќе дебитира со улогата на Марија во римејкот на „West Side Story“ на Стивен Спилберг, чија премиера е предвидена да се случи до крајот на 2021 година.
Марк Веб ќе го режира сè уште ненасловениот филм чија продукција се очекува да започне некаде во 2022 година. Марк Плат ќе работи како продуцент, заедно со Бенџ Пасек и Џастин Пол, кои се дуото одговорно за музиката од за малку оскаровецот „Ла Ла Ленд“, пренесува „Variety“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by rachel zegler (@rachelzegler)

„Извонредните вокални способности на Рејчел се само почеток на нејзините таленти. Нејзината сила, интелигенција и оптимизам ќе станат составен дел од реанимацијата на оваа класична бајка на Дизни“, вели режисерот Веб.

Набргу по објавувањето на кастингот, Зеглер со ентузијазам објави на „Твитер“: „Мислам дека си го манифестирав целиот живот“.

Таа, исто така, сподели видео на социјалната мрежа „Твитер“, во кое се среќава со Снежана во вистинскиот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот