Фото: Wikimedia Commons

ФОТО | Денеска слават 12 години брак: Принцот Вилијам и Кејт објавија досега невидена фотографија

Британскиот принц Вилијам и принцезата од Велс на својата официјална веб-страница објавија фотографија по повод 12-годишнината од бракот, на која позираат насмеани на велосипеди.

Фотографијата е направена минатата година на сончев ден во источен Норфолк, а на неа Кејт и Вилијам позираат на велосипеди. Принцезата и принцот се насмеана и прегрнати. Вилијам носи очила за сонце, тој облечен во фармерки и сина кошула, а Кејт во бела кошула и фармерки, со лежерно ставени очила на горниот дел од главата.

Фотографијата е објавена на официјалните профили на парот, а под неа пишува само „12 години“ и емотикон со срце.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Двојката се венча во Вестминстерската опатија на 29 април 2011 година по осум години врска.

Бракот на Вилијам со Кејт беше кралски настан во 2011. Опатијата ја исполнија дури 2.000 гости. Кејт подоцна се пресоблече во друг фустан од нејзината раскошна венчаница, беа организирани два приеми, а настанот вклучуваше поворка со кочија низ центарот на Лондон и, на крајот, два бакнежи на балконот на Бакингемската палата.

Церемонијата, која се емитуваше во живо во Велика Британија, ја следеа речиси 25 милиони луѓе, а се проценува дека настанот го следеле околу две милијарди гледачи ширум светот. Дванаесет години подоцна, парот има три деца, принцот Џорџ (9), принцезата Шарлот (7) и принцот Луис (5).

ВИДЕО | Кејт Мидлтон го удри принцот Вилијам по задникот

ФОТО | Откриен е првиот официјален заеднички портрет на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот