Крал Чарлс и Дејвид Бекам - Витез - Фото: Инстаграм

ФОТО | Дејвид Бекам славел до зори откако бил прогласен витез: Познати се сите детали

Новоименуваниот витез на британската круна, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, ја прославил витешката титула во кругот на семејството и пријателите во локалниот паб во местото Чалбери во Оксфордшир.

Како што пренесува весникот „Сан“, на прославата присуствувале околу триесетина гости, меѓу кои биле синовите на Бекам — Ромео и Круз, како и семејните пријатели, режисерот Гај Ричи и поранешниот фудбалер Гери Невил.

На гостите им биле послужени остриги и печено јагне со компир, со розе вино и пиво, а најмладиот син Круз, дваесетгодишниот пејач и кантавтор, му приредил музички подарок на татка си, изведувајќи песна што ја напишал специјално за пригодата, со стихот: „Кралот Чарлс дојде кај Дејвид Бекам и го прогласи за витез“.

Присутните потоа пееле хитови од групите „Оејзис“ и „Ролинг Стоунс“, а со овации бил проследен моментот кога Бекам заиграл на музиката.

„Атмосферата била како за Нова година“, изјавил еден од гостите, наведувајќи дека сите сакале да прослават заедно со популарниот фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Бекам трпеливо позирал со обожавателите пред да го напушти локалот и да се упати кон својот дом во близина.

На прославата не присуствувал најстариот син, Бруклин Бекам (26), за кого британските медиуми наведуваат дека во последно време се оддалечил од семејството.

Сопругата на Бекам, Викторија Бекам, присуствувала на свечената церемонија на доделување на витешката титула во Виндзорската палата, каде што го одликувал кралот Чарлс Трети, и при таа прилика изјавила дека „никогаш не била  толку горда на својот сопруг“.

Дејвид Бекам на социјалните мрежи истакнал дека ова признание му е „особено значајно“, заблагодарувајќи се на семејството, поранешните соиграчи и навивачите, со пораката дека „претставувањето на Англија и носењето на капитенската лента секогаш бил неговиот најголем сон“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот