Дани Димитровска / Фото: Фејсбук/Дани Димитровска

ФОТО | Дани на меден месец: На сончевата Малта ужива со саканиот

Дани Димитровска деновиве ужива во медениот месец со својот сопруг, поранешниот кошаркар Горан Веселиновски – Весел. Пејачката, која се омажи во септември минатата година, одбра сончев одмор на Малта, од каде редовно споделува фотографии на социјалните мрежи.

Фото: Скриншот/Инстаграм

 

На објавите може да се видат прошетки низ Валета, архитектурата со медитерански шарм, но и моменти од нивните гастрономски уживања. Дани секој слободен миг го користи за релаксација, сонце и заеднички прошетки покрај морето.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Нивната свадба, одржана на 13 септември 2025 година, беше во духот на забава со многу музика и блиски пријатели. Меѓу гостите беше и Наум Петрески, а атмосферата ја загреа Ѓоко Танески со поп и рок-хитови. Дани блесна во две венчаници во свој препознатлив стил, а тортата со цртани ликови на младенците беше вистински хит.

Најемотивниот момент од вечерта беше танцот со нејзиниот син Лазар, кој ја разнежи публиката.

Во едно интервју за „Слободен печат“, Дани зборуваше за тоа како ја доживува музиката и сцената.

„Ние пејачите сме гласноговорници. Пренесуваме пораки. Песната за мене може да значи едно, а за публиката нешто сосема друго – и тоа е убавината на музиката“, рече таа.

По свадбената еуфорија, Дани и Весел сега уживаат во мирните моменти на медениот месец – далеку од сцената, но со истата енергија и насмевка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот