Фото: Инстаграм/Дани Димитровска

ФОТО | Дани и Горан имаат посебен повод за среќа, пејачката објави ретки заеднички љубовни слики

Романтични слики со сопругот објави Дани Димитровска од нивното патување во Виена, на кое ѝ се остварила голема желба.

„Концертот на Франц Фердинанд? Во град што изгледа како музеј, концертов беше изложба. Изложба на вредности. Музички. Не успеав да снимам многу, човекот замоли да бидеме присутни во моментот без телефони. Фала му.

А Виена? Дури и пролетта во Виена има став. Нѐ гали. Кали“, напиша пејачката на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Дани Димитровска
Фото: Инстаграм/Дани Димитровска

Таа објави неколку романтични слики од неа и сопругот, Горан Веселиновски – Весел, како уживаат во прошетките низ убавата Виена, во друштво на пријатели. Објави и видеа од концертот на шкотскиот рок-бенд „Франц Фердинанд“, кој во моментов е на турнеја низ Европа.

Фото: Инстаграм/Дани Димитровска
Фото: Инстаграм/Дани Димитровска

Во септември лани, Дани се омажи за својот долгогодишен партнер, кој е поранешен кошаркар. Пејачката рече дека од почетокот знаела дека ќе останат заедно.

Неодамна, во емисијата „Животна приказна“, Дани зборуваше за нејзиниот син Лазар, кој живее во Холандија, каде што магистрирал и работи. Таа рече дека самата сакала да се школува во друга држава за да се осамостои.

„Јас го терав да отиде, да се осамостои и да живее малку сам. Тоа беше моја желба. Посакував за него да стане независен. Далеку од мене. Го прифатив тоа уште многу одамна. За негово добро. Јас сметам дека ние, како родители, имаме само една обврска, а тоа е да ги оспособиме нашите деца, да ги научиме од сопствените искуства, да ги оспособиме и да ги пуштиме да живеат. За мене тоа е родител, а не да ги држиме до себе исклучиво“, откри пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот