ФОТО | Дамијано Давид од „Манескин“ ја запроси Дов Камерон: „Најубавиот дел од мојот живот“
Новата 2026 година започна во романтичен дух за американската пејачка и актерка Дов Камерон и фронтменот на италијанскиот рок-бенд „Манескин“, Дамијано Давид, кои преку социјалните мрежи ја потврдија својата веридба.
Препорачано
„Најубавиот дел од мојот живот. Среќна Нова година“, напиша Камерон покрај серија фотографии од новогодишната забава, на кои двојката позира заедно и го покажува вереничкиот прстен. Во објавата таа додаде и симбол на прстен.

Слични фотографии сподели и Давид, со пораката: „Ќе биде убава година“, исто така проследена со знак што јасно алудира на веридба.

За многу кратко време, објавите собраа милиони допаѓања и честитки од обожаватели од целиот свет.
Гласините за можна веридба се појавија уште во октомври, кога двојката беше фотографирана во Сиднеј, Австралија. Тогаш Камерон носеше впечатлив прстен на домалиот прст, но подоцна се покажа дека не станува збор за веренички накит.
Во истиот период, таа одбележа и две години од врската со Давид, споделувајќи низа заеднички фотографии на Инстаграм, каде што ја следат околу 47 милиони луѓе.
„Најдобрите две години во мојот живот“, напиша тогаш, додавајќи дека барем еднаш неделно се расплакува од среќа затоа што животот ѝ станал значително поубав откако тој е дел од него.
Првите шпекулации дека меѓу нив има нешто повеќе започнаа во септември 2023 година, кога поранешната ѕвезда на каналот Дизни беше забележана на концерт на „Манескин“. Како официјален пар, првпат се појавија на црвениот тепих на гала-вечерта во пресрет на доделувањето на музичките награди Греми во февруари 2024 година. Оттогаш се речиси неразделни – од концерти и јавни настани, преку доделувања на награди, па сè до фудбалските натпревари на АС Рома, чиј голем навивач е Давид.
Во интервју за списанието „Пипл“, Камерон минатата година искрено зборуваше дека често чувствувала анксиозност кога јавноста се интересирала за нејзиниот љубовен живот. Таа истакна дека долго време сакала врските да ги задржи подалеку од очите на јавноста, бидејќи ѝ било тешко целосно да се отвори.
Од друга страна, Давид никогаш не криел колку е среќен во врската со Камерон. Во истото интервју тој нагласи дека е длабоко заљубен, дека постојано си разменуваат музика и дека меѓу нив постои силна поврзаност, опишувајќи ја Камерон како свој совршен животен и уметнички пар.


