ФОТО | Дали сте слушнале за селото со најкратко име на светот? Има повеќе галеби, отколку луѓе

Фото: [email protected] / Flickr

Å е мало рибарско село, кое е сместено на крајот на архипелагот Лофотен, кој го означува крајот на автопатот Е10.

Некогаш главен двигател на економијата бил риболовот, но денес фокусот е повеќе на туризмот, поради сѐ поголемиот број луѓе го посетуваат овој архипелаг.

Фото: DavideGorla / Flick

Å е населба во Норвешка со најкратко име во светот. Ова рибарско село се наоѓа на самиот крај на патот, држава, континент, по што започнува Атлантскиот Океан. Во селото Å веројатно има повеќе галеби отколку луѓе. Овие птици се одомаќиниле, па речиси насекаде изградиле гнезда. На покривите, на штиците на прозорците и на други погодни места.

Å изворно се развило од мала фарма во важно рибарско место. Локалните жители, како и во многу рибарски села во областа, се специјализирале за индустриски риболов за масовна употреба. Меѓутоа, тоа било така сè до пред 30 години, кога целиот овој регион станал популарна туристичка дестинација. Денес, на риболов се оди рекреативно или со туристи.

Фото: Wikimedia Commons

Природата била наклонета кон овој дел од светот, што може да се види на секој чекор. Целиот овој крај е исполнет со интересни знаменитости и летниковци од кои можете да уживате во погледот на белите и црвените куќи во позадина или во погледот на морето и околните планини.

Во местото Å се наоѓаат и два музеи – „Лофотен стокфиш музеум“, посветен на производството на риба и „Норск Фискеварсмузеум“, музеј посветен на локалното наследство. Тука, исто така, можете да пронајдете една од најдобро зачуваните автентични стари рибарски населби во Норвешка, која нуди разни можности да искусите како изгледал рибарскиот живот во последните 250 години.

Фото: Christoph Strässler / Wikimedia Commons

До Å може да се стигне со авион, траект или со автомобил. Поради Голфската струја, климата е блага, и покрај положбата, бидејќи се наоѓа северно од Арктичкиот круг. Од средината на мај до средината на јули можете да го доживеете полноќното сонце, а од почетокот на мај ноќите се речиси целосно светли.

Фото: [email protected] / Flickr

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот