ФОТО | Дали го препознавате ова насмеано детенце? Денес е еден од најурбаните ликови на македонската музичка сцена
Раперот и продуцент Тони Зен сподели стара фотографија на својот Инстаграм профил, а истата предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Препорачано
Во описот кратко напиша: „1988 > 2025“.
Следбениците веднаш реагираа со бројни коментари, меѓу кои: „И кој си бил мал, си бил голем“, „Сè е кажано со фотографиите“, „Газдата на аеродром“, а објавата за кратко време собра илјадници лајкови.
View this post on Instagram
Тони Зен, чије вистинско име е Тони Петковски, е еден од највлијателните македонски рап артисти. Своите први чекори во музиката ги прави кон крајот на 1990-тите како член на групата „105“. Во 2002 година, заедно со DJ Чваре, ја формира групата „Урбана Димензија“ и го менува уметничкото име во Тони Зен, под кое станува синоним за автентичен урбан звук.
Настапувал на бројни фестивали и концерти, меѓу кои „Street Beats Festival“ и како предгрупа на Фифти Сент, Едо Маајка. Соработувал со македонски музичари како Тамара Тодевска, Слаткаристика и други.
Периодот од 2009 до 2010 година се смета за негов најуспешен, а покрај музиката, е сопственик на Tony’s Soul Wear, продавница за хип-хоп облека во Скопје.
Од насмеано детенце до урбана икона, приказната на Тони Зен е доказ дека стилот, ставот и посветеноста се препознаваат уште од мали нозе


