ФОТО | Дац не старее, само станува подобар – познатиот актер и пејач денеска го слави 63. роденден
Еден од најпрепознатливите ликови на македонската сцена, актерот и пејач Драган Спасов – Дац, денеска полни 63 години. По овој повод, тој доби бројни честитки, но онаа од неговиот музички партнер Александар Митевски го привлече најголемото внимание.
Препорачано
На нивниот заеднички инстаграм-профил беше објавена фотографија на која Дац наздравува со чаша во раката, со кус опис:
„Дац не старее. Само станува подобар… Наздравје со љубов“

Актерска кариера
Дац е роден на денешен ден во 1963 година во Скопје. Својот професионален пат го започнува во класата на професорот Слободан Унковски, а најголемиот дел од својата кариера го поминува во Драмски театар – Скопје. Неговите улоги во театарот, но и во култните филмски и ТВ проекти, го направија миленик на многу генерации. Кратко време беше и на чело на Македонскиот народен театар, по што повторно се врати на својата матична сцена во Драмски.
Иако со децении е присутен во јавноста, во 2019 година Дац доживеа „втора младост“ на сцената кога заедно со Александар Митевски го формираа дуото кое стана синоним за убава македонска музика, емоција и забава. Нивните песни и „љубовни пасоши“ станаа составен дел од секојдневието на Македонците.


