ФОТО | Д-р Елена со револт им се обрати на родителите: Дали инфлуенсерки со Фејсбук „диплома“ ќе бдеат над вашите деца?
Денес на социјалната мрежа „Фејсбук“ кружи РТГ фотографија на бели дробови од дете која ја објави педијатарката Елена Манолева – Николовска која со револт им се обрати на родителите.
Препорачано
Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:
„Пред неколку дена ја гледам оваа Ртг слика на бели дробови од дете. Масивна пневмонија со масивен плеврален излив. Не, не, не се секирајте… нема да ве гњавам за Ковид. Се работи за потврдена туберкулоза, кај поголемо дете со позитивна анамнеза за туберкулоза во семејството, невакцинирано со БСГ.
Вчера ми доаѓа мајка со 18 месечно дете, гордо ми кажува дека детето се уште не е вакцинирано ништо од родилиште па навака вклучувајќи и БСГ која се прима во родилиште. За ДТП, Полио не правиме муабет нели!?
За МРП… Ма како, па тоа предизвикува аутизам. Што ви е на Вас… лудаци доктори.
Нејсе… Ова дете ќе преживее, ќе се лечи 6-12 месеци и ќе се излечи. Но… фиброзата (лузната) на белите дробови ќе ја носи цел живот и кога тогаш ќе направи проблеми во дишење, белодробен капацитет итн. ( да не гњавиме ние докторите нели со нашата наука).
Си седам и си мислам: имам уште најмалку 20 години работен век пред себе како педијатар. Се прашувам за колку време од сега ќе почнам да гледам…


