ФОТО | „Чудото од дете“ се огласи по поразот на хрватскиот натпревар за песна на Евровизија
Во музичкото шоу „Ѕвездите на Пинк“ победи на 12 години, а сега шест години подоцна се појави на престижното хрватско натпреварување „Дора“ и повторно ги воодушеви сите со својот талент, изглед и нумерата што ја изведе.
Препорачано
View this post on Instagram
Инстантно го освои регионот
Младиот Марко Бошњак, кој може да се пофали со врвни вокални способности, ги освои срцата на публиката во 2016 година кога се натпреваруваше во втората сезона на „Ѕвездите на Пинк“, кога имаше само 12 години. Тој тогаш со својот неверојатен талент го воодушеви жирито, но и публиката, која го награди и со прво место.
Останаа запаметени неговите изведби на песните „Што те нема“, „One night only“ и многу други нумери кои освен воодушевување, предизвикуваа и солзи кај публиката и жирито. На првиот настап го расплака жирито со песната „One night only“ и храбро се бореше сѐ до последниот настап на кој ја испеа „Што те нема“ и ги освои срцето ширум регионот.
Оттогаш, неговите обработки на популарни песни имаат милиони прегледи на Јутјуб. Неговите исклучителни вокални способности беа пофалени од бројни локални музичари, меѓу кои и од Тереза Кесовија.
Од сезоната која се одигра во 2015 и 2016 година, кога победи, Бошњак не се појавуваше често во медиумите. Меѓутоа, сега тој повторно го воодушеви регионот.
На чекор до победа
„Чудото од дете“ и музичката ѕвезда Марко Бошњак имаше хит песна, која беше и фаворит за да ја претставува Хрватска на овогодинешната Евровизија во Торино, Италија.
Овој осумнаесетгодишник ја освои Хрватска со песната „Моли за нас“, а судејќи според неговата популарност и прегледите на Јутјуб, Хрватите посакуваа токму тој биде нивен претставник на овогодинешната Евровизија.
Марко се појави на фестивалот „Дора“ на кој се избира хрватскиот претставник за на Евровизија, а го зазеде второто место под првопласираната Миа Димшиќ, која ќе ја претставува Хрватска во 2022 година.
Со својот прв сингл „Моли за нас“, кој беше објавен на Јутјуб пред неколку дена, ги освои срцата на хрватската публика, па не е чудно што веднаш стана хит меѓу 14-те песни кои се тркаа за победа на најпопуларниот хрватски музички натпревар.
По поразот, благодарност до сите
Сега, по освојувањето на второто место на „Дора“, Марко се огласи и на својот инстаграм-профил каде што им честиташе на победниците и им се заблагодари на сите за соработката:
View this post on Instagram
– Драги мои луѓе! Сега кога барем малку ми стивнаа впечатоците, сакам да ви кажам неколку работи. Ви благодарам за огромната поддршка, за секоја порака што ја испративте и за секој повик што го дадовте, бидејќи чувствувавте дека мојата песна „Моли за нас“ може да биде квалитетен претставник на Евровизија. Бевме многу блиску до таа цел и за мене ова е огромен успех.
Имам 18 години, тим од луѓе кои ја разбираат мојата визија, мојата личност, мојата желба за успех, мојата тврдоглавост и промените во расположението. И сето тоа без никаков проблем го прифаќаат и разбираат.
Имам прекрасни пријатели кои се секогаш со мене и на кои сум неизмерно благодарен! Имам семејство кое е најгорда поддршка! Ви благодарам… “, напиша осумнаесетгодишниот Марко Бошњак, кој видно пораснал и се променил, судејќи по неговите фотографии и снимки кога се натпреваруваше и победи во 2016 година.


