ФОТО | Бритни ја навреди Кристина Агилера: Пејачката ја отследи Спирс од Инстаграм

Старите ривалки по долги години тивка борба деновиве го разгореа огнот. Поп – ѕвездата Бритни Спирс повторно е во центарот на вниманието со контроверзна објава на Инстаграм. Пејачката зборуваше за нејзината долгогодишна естрадна ривалка Кристина Агилера, навредувајќи ја пејачката поради нејзиниот избор на танчери со облини за таа самата да изгледа послаба на сцената и во видеата.
View this post on Instagram
„Да ги имав танчерките на Кристина Агилера ќе изгледав многу витка“, пишува во објавата и додава „Открив дека постои само еден начин да изгледате слабо, а тоа е дружење со дебели луѓе“ – цитирајќи го всушност комичарот Родни Денџерфилд.

Објавата на Спирс предизвика лавина негативни коментари од корисниците на социјалните мрежи, по што набрзо беше избришана.
View this post on Instagram
Според „Page Six“, по оваа навреда самата Кристина Агилера ја отследила Бритни од популарната социјална мрежа без да го коментира нејзиниот статус.
View this post on Instagram
Бритни истакна дека никогаш повеќе нема да настапува во живо, тврдејќи дека е „истрауматизирана за цел живот“. Пејачката работела со „најслабите“ танчери низ годините. Бритни призна и дека нејзините несигурности биле поттикнати од витките танчерки кои ја придружувале на сцената.
View this post on Instagram
„Прилично сум истрауматизирана цел живот и да, бесна сум, веројатно нема да настапам повторно само затоа што сум тврдоглава и ја кажувам мојата поента“, напиша пејачката.
View this post on Instagram
Откако наиде на критики, Бритни објави уште еден пост, велејќи дека немала поента да ја навреди Кристина Агилера, ниту нејзиниот изглед.