ФОТО | Бред Пит виден на снимањето на новиот филм кој e меѓу 10-те најскапи во историјата
Бред Пит ги изненади сите присутни на патеката Формула 1 во Мексико, каде што ги снимаше сцените за неговиот најнов филм „Ф1“, кој треба да пристигне во кината во летото 2025 година. Тој се појави на тркачката патека за време на квалификациите за Големата награда на Формула 1, а моментот кога ја симна кацигата, а потоа и заштитната капа предизвика голема возбуда кај сите присутни.
Препорачано

После тоа, актерот замавна и ги поздрави воодушевените гледачи. Во еден момент тој истрча по патеката носејќи мексиканско знаме во рацете.
Филмот „Ф1“ е за возачот Сони Хејс, кој морал да се пензионира по тешка несреќа. Децении откако се пензионираше, тој излегува од пензија и се натпреварува против најсилните во тимот со млад возач. Сè уште нема трејлер за претстојниот филм, но на Британското Гран При беше премиерно прикажан тизер.
Филмот ќе го режира Џозеф Косински, режисерот на „Топ Ган: Маверик“, а главни продуценти ќе бидат Џери Брукхајмер и седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон. Последните информации велат дека буџетот надминал 300 милиони долари, со што овој филм за Формула 1 е еден од десетте најскапи филмови во историјата.


