ФОТО | Бизарно: Раперката ја ископала својата мртва мачка па ја зготвила

Фото: Профимедиа

Раперката Азилија Бенкс важи за јавна личност со најдолгиот јазик, не постои човек со кој не се замерила, а тоа всушност и ја уништи нејзината кариера. Нејзините скандали се паметат и денес, а некои завршија и со физички прекршоци: Таа во 2015 година нападна човек во авионот бидејќи тој предолго го земал багажот, за потоа да ја нападне и стјуардеста.

Еднаш јавно го објави и мобилниот телефон на Ријана кога пејачката го нарече Трамп неморална свиња. „Подобро е да молчиш и да размислуваш за својата завиност од дрога и алкохол“, напиша тогаш Бенкс.

Сега отиде чекор понатаму и ги згрози сите. Таа ја ископа својата мртва мачка Луцифер од гробот со цел „да го врати во живот“.

На Инстаграм објави и видео, на кое непозната личност и таа го откопуваат гробот на мачката.

„Мачката е во вреќата“, напиша таа на шокантната снимка во која ја извлекува вреќата во која наводно било телото на мачката.

Потоа ја зготвила мачката во голем сад, и ѝ направила олтар. Во олтарот го ставила черепот на мачката, шише шампањ и шишенце од својот омилен парфем Chanel No.5, банкнота од 100 долари и крст.

Подоцна се пожали дека сите многу бурно реагирале на нејзините објави, но дека таа всушност го извадила черепот со цел да го позлати.

„Мачешката глава се мие во пероксид со цел целосно да се исчисти, а потоа се носи кај златар со цел таму да се позлати. Луцифер беше икона. Заслужува да биде зачуван“, заклучи раперката.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот