ФОТО | Бездомничка бесплатно ja средиле во салон и покажале убавица која долго време била скриена

Рита бездомничка /Фото: Принтскрин /Инстаграм / Shafag Novruz

Шафаг Новруз од Турција е професионална стилистка со искуство во шминкање и обликување фризури на невести. Еден ден ја запознала бездомничката Рита и била шокирана од тоа колку жената била запуштена. Шафаг одлучила да ѝ помогне и да ѝ покаже како, всушност, може да изгледа со малку нега и неколку трикови. Сакала да ѝ го врати достоинството и да покаже дека не е невидлива.

Шафаг и Рита / Фото: Принтскрин/Инстаграм/Shafag Novruz

Рита живеела на улица, депресивна поради загубата на синот. Живеела со собирање шишиња и ќеси. Сакала да најде работа и да си го среди животот, но поради изгледот немала никакви шанси. Кога и да ја погледнале потенцијалните работодавци, ја свртувале главата од неа. Рита не верувала дека некогаш повторно ќе живее како човек.

Рита / Фото: Принтскрин / Инстаграм / Shafag Novruz

Шафаг ја слушала нејзината животна приказна и тоа длабоко ја трогнало. Таа знаела дека нејзината физичка трансформација ќе ја отвори вратата за подобра иднина. Преобразувањето започнало со посета на стоматолог, каде Шафаг ги покрила трошоците за стоматолошките зафати за Рита да ја добие насмевката што ја заслужува. Последователното преуредување вклучувало маникир и педикир.

Подоцна следело нега на косата. Кратката и оштетена коса на Рита била обоена во руса и издолжена со помош на екстензии, давајќи ѝ поженствен изглед. Одела на третмани за убавина со помош на специјални козметички производи, била на депилација, на средување на веѓите и трепките, па на крај професионално нашминкана.

Кога Рита се погледнала во огледало, за малку ќе заплачела. Гледала во таа жена од другата страна и ѝ се чинело нереално дека навистина е таа. Изгледала помладо, поживо, посвежо и поздраво. Нејзините прекрасни, крупни темни очи дошле до израз, а нивниот сјај ѝ бил доволен показател на Шафаг дека успеала и дека ѝ ја вратила вербата на Рита во животот и во луѓето.

 

Таа рекла дека се чувствува поубаво и посамоуверено од кога било досега. Рита се надева дека нејзиниот нов изглед и посилната самодоверба ќе ѝ помогнат да најде работа, пренесува „Брајдсајд“ (BrightSide).

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот