ФОТО| Автомобил е превртен на кров, сообраќајна несреќа во Охрид

Возач на автомобил е повреден во сообраќајна несреќа која се случила во охридската населба Рача, над Хидробилошкиот завод. Автомобил со охридски регистрарски таблици е превртен на кров, објави Охрид1.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски ја потврди несреќата. Димовски за Охрид 1 вели дека во моментов увидни полициски екипи ги истражуваат причините за несреќата и додава дека возачот на автомобилот „рено клио“ изгубил контрола и се излизгал на патот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот