ФОТО | Асанж ќе се ожени во затворот: Неговата свршеница ги откри нивните планови

Партнерката на Џулијан Асанж, Стела Морис/ Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Партнерката на Џулијан Асанж, Стела Морис, ја најави нивната венчавка во затворот Белмарш, во ексклузивното интервју за дпа во пресрет на 50-от роденден на основачот на Викиликс на 3 јули.

Асанж, австралиски новинар, помина повеќе од две години во строго чуваниот лондонски затвор Белмарш.

Врската со Морис почнала додека Асанж престојувал во еквадорската амбасада во Лондон, каде што бараше политички азил.

Двојката има два сина на возраст од четири и две и пол години.

File photo dated 25/08/20 of Stella Moris (centre) and sons, Gabriel (right) and Max (left) outside Belmarsh Prison after visiting her partner and their father, Julian Assange. Julian Assange has won his fight to avoid extradition to the United States.,Image: 580777562, License: Rights-managed, Restrictions: FILE PHOTO, Model Release: no, Credit line: Profimedia
Фото: Profimedia

– Планираме да се венчаме во затворот, бидејќи сме свршени од 2016 година – рекла Морис.

Како што објаснила таа, околностите сè уште не им дозволуваат да изнесуваат понатамошни планови.

– И, ако се венчаме во затвор, мислам дека тоа нема да биде единствената свадба. Најверојатно ќе се венчаме во затворот, а ќе имаме уште една свадба со семејството и пријателите откако тој ќе биде на слобода – додала Морис.

Засега не е одреден датумот, рекла Морис, но поминуваат низ потребните бирократски работи со надеж дека ќе се венчаат „наскоро“, објаснила таа.

– Многу е комплицирано – рекла таа, истакнувајќи дека пандемијата дополнително ги отежнува работите.

Разговаравме за тоа со капелската служба во Белмарш, па ни рекоа дека немале венчавка во Белмарш, откако се таму, што значи 12 години. Така што тоа не е толку едноставно. Ќе биде мошне долга бирократска постапка, но ние ја започнавме – рекла Морис.

Доколку биде екстрадиран во САД, Асанж ќе ја отслужува казната во најозогласениот затвор (ВИДЕО) - Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот