Арнолд Шварценегер итно опериран, му вградиле пејсмејкер: Претходно имал три операции на срцето
Холивудскиот актер и поранешен гувернер Арнолд Шварценегер откри дека минатата недела му бил вграден стимулатор на срцето, попознат како пејсмејкер.
Препорачано
Легендарниот 76-годишен актер рекол дека сега и тој е делумно машина, исто како ликот Терминатор што го глумеше.
– Минатиот понеделник имав операција за да станам малку повеќе машина: добив пејсмејкер – рекол тој во својот поткаст „Арнолд памп клаб“ (Arnold’s Pump Club).
Лекарите го советувале да оди на оваа хируршка процедура бидејќи трите претходни операции на срцето се одразиле на неговиот организам.
– Ме советуваа дека е време да ја направам оваа процедура бидејќи лузна од претходната операција предизвика неправилно чукање на срцето. Еве каков е животот со генетски проблем со срцето. Истиот здравствен проблем ги уби мајка ми и баба ми. Многу сум одговорен и решен да водам сметка и да ги слушам советите на лекарот – порачал актерот.
Тој исто така открил дека тоа значи дека ќе мора да одмори малку од тренинзите и вежбањето.
– Морам да кажам, фактот што ова ви го кажувам е во спротивност со начинот на кој бев воспитан во Австрија, каде што никој – никогаш – не зборува за медицински проблеми. Сè што е поврзано со здравјето се задржува за себе. Но, јас добив толку многу пораки и е-пошта од луѓе кои се родени со бикуспидална аортна валвула (залисток) како мене, и кои ми рекоа дека зборувањето за моите операции на срцевите залистоци им дало храброст и надеж да се справат со нивните… Значи, бидејќи знам дека транспарентноста им помага на луѓето, што можам? – рекол актерот.
Инаку, Шварценегер претходно имал три операции на срцето.
– Прво сакам да знаете дека се чувствувам одлично – ги уверил обожавателите и додал дека неколку дена по операцијата бил на настан посветен на разговор за екологијата и климата.
– Сакам да му се заблагодарам на целиот мој тим во Клиниката Кливленд. Сите лекари и медицински сестри одлично се грижеа за мене и ја направија операцијата што е можно побезболна – додал тој.
Шварценегер е роден со нарушување на срцевиот залисток. Пред оваа операција, тој имал уште три операции на срцето – во 1997, 2018 и 2020 година.
Шварценегер минатата година опиша како изгледала операцијата на отворено срце што ја направил во 2018 година. Тој на Јутјуб сподели со публиката досега невидена снимка од тоа како изгледа закрепнувањето по исклучително комплицираната хируршка процедура.
ФОТО | „Мојот брат“: Арнолд Шварценегер објави слика со Дени Девито и најави нова соработка


