ФОТО | Aнтониа Гиговска во секси издание: Имам нова песна за вас!
Младата пејачка Антониа Гиговска која цврсто гази на македонската поп сцена, редовно ги известува своите следбеници и фанови на инстаграм за своите следни планови.
Таа вчера сподели објава на нејзиниот инстаграм-профил во кој изгледа како светска ѕвезда. Во припиени црни панталони чие продолжение како маичка налик марама вкрстена напречно на нејзините гради и жестоки црвени штикли, Антониа напиша:
„Антоњаааа има уште една песничка за вас, пишете датум во коментар“
View this post on Instagram
Дека внимава многу на својот изглед и ги следи трендовите на светските пејачки, покажа и со посетата на фитнес салата, каде направи неколку „сториња“ во кои се снимаше себеси како вежба. На шега напиша:
„Еве ви две сториња, не можев да се одлучам кое, хаха“