ФОТО | Антониа Гиговска два месеци по породувањето изгледа како никогаш да не родила

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Македонската пејачка Антониа Гиговска нема проблеми со вишокот килограми по породувањето. Пејачката успеа да ја донесе својата линија до совршенство само неколку месеци откако го доби своето прво дете.

Антониа Гиговска, пред неполни три месеци на свет донесе здраво машко бебе. Веста за породувањето ја објави нејзиниот сопруг, Роберт Спасенцоски на својот фесбук профил.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Особено тежок процес за повеќето мајки по бременоста е враќање на рамниот стомак, што за Антониа се чини е прилично лесно. Таа сподели стори на својот инстаграм-профил и навистина изгледа беспрекорно облечена во шорц и кратка бела маичка.

Иако во еден период успеа да се избори со вишокот килограми, а неодамна изјави дека имала пет килограми повеќе по породувањето, сепак успеала да ги симне и да се подготви за нејзиниот камбек и на музичката сцена.

Се породи Антониа Гиговска: Пресреќниот татко го откри полот на бебето

Со Антониа Гиговска за мајчинството и за бракот: Со Роберт се допревме за раце и одеднаш нешто ми заигра во стомакот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот