ФОТО | Анџелина Џоли има нов дечко: Фотографирана со британскиот рапер Акала

Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES// Flickr/The Come Up Show/Anton Mak

Анџелина Џоли е подготвена за својот прв официјален дечко од 2016 година, бидејќи е видена во друштво на британскиот рапер наречен Акала.

Таа отсекогаш била една од музите на Холивуд и секогаш била во центарот на вниманието каде и да оди. Од раскинувањето со Бред Пит, пред нешто помалку од една деценија ѝ се припишуваат многу имиња, но досега Џоли се чини дека не ѝ давала нова шанса на љубовта, барем до сега, пишува „Марка“.

 

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ angelina_jolie4ever

Се чини дека ситуацијата е променета за Џоли, која во минатото беше поврзувана со познати личности како што се Д Викенд, Пол Мескал и Дејвид Мајер де Ротшилд , а сега, магазинот „Оги“ објави ексклузивни фотографии кои ја поврзуваат актерката со британскиот рапер и поет Акала, сценското име на Џејмс Кингсли Меклин Дејли.

Тој и во други прилики е виден во друштво на актерката, а на неодамнешните слики можете да ги видите двете ѕвезди на вечера во Милано, Италија, со екипата на филмот „Марија“. Според „Оги“, двајцата пристигнале заедно во ресторанот и исто така заедно заминале во хотелот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот