ФОТО | Ана Ивановиќ ги распамети сите во Берлин: Изгледа неверојатно секси во фустан со гол грб 

Фото: Defrance / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia / Frederic Kern / INSTAR Images / Profimedia

Совршена фризура, природна убавина, насмевка од милион долари и омилен модел на фустан кој одлично ѝ стои.

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ завчера приредила вистински спектакл во Берлин на настан во организација на познат бренд, на кој присуствувала и светски познатата актерка Дијана Кригер.

Ана Ивановиќ и Дијана Кригер / Фото: Frederic Kern / INSTAR Images / Profimedia

Ана Ивановиќ со голем стил ја започна 2024 година кога се во прашање јавните настани. На настанот одушевила со стилот и убавината! Црниот кадифен фустан богат со изрези ја истакнал нејзината совршена линија, а голиот грб е детаљ кој внесува сексапил во целокупниот стајлинг.

Фото: Defrance / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Славната Србинка била дискретно и ефектно нашминкана, а нејзината фризура привлекла дополнително внимание. Косата со богат волумен и раскошно извиткана одлично се вклопувала во модната приказна.

Ана Ивановиќ /
Фото: Defrance / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Целиот стајлинг го надополнила со црни високи потпетици и адекватни чорапи, а познато е дека жените често грешат при изборот на овој детаљ.

ФОТО | 400 квадратни метри луксуз во австрискo село: Ѕирнете во луксузната куќа на Ана Ивановиќ и Бастијан

ФОТО | Божиќ во домот на Ана Ивановиќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот