Синовите на Ален Делон - Антони Делон и Ален Фабијан Делон / Фото: Poitout Florian/ABACA/Shuttersto / Shutterstock Editorial / Profimedia GUILLAUME SOUVANT / AFP / Profimedia

ФОТО | Ален Делон погребан на својот имот: Покрај неговите деца, тука била и големата љубов на актерот, а една глетка особено ги растажи сите

Актерот Ален Делон побара од семејството да биде погребанкако обичен човек“, без многу помпа. Францускиот актер, кој почина минатата на 88-годишна возраст, претходно побарал да нема национални почести.

Желбата му била исполнета, а на неговиот погреб присуствувале 40 избрани луѓе кои претходно биле замолени да ги исклучат мобилните телефони и да не фотографираат, додека локалната префектура забранила дронови и летала да надлетуваат над областа, пишува „Гардијан“.

Делон претходно набавил и дозвола од локалниот префект да биде погребан во капелата изградена во Ла Брулирие, неговиот имот во Души, каде што починал. Овој имот, како што се наведува, има околу 120 хектари, а на гробиштата каде што бил погребан, актерот низ годините погребал најмалку 35 свои миленици.

Фото: GUILLAUME SOUVANT / AFP / Profimedia

Познато е дека Ален бараше од семејството, кога тој ќе почине, да го заспијат и неговиот сакан белгиски овчар Лубо, но по протестите на активистите за правата на животните, семејството одби да го стори тоа и трите деца на Делон ќе продолжат да се грижат за кучето.

Особено трогателна глетка од погребот бил моментот кога луѓето виделе дека на погребот го носат и верниот миленик на Делон. Кучето дошло со поранешната партнерка на Ален, Розали ван Бримен, со која актерот има две деца, ќерката Анушка и синот Ален Фабијан.

Кучето Лубо на Ален Делон / Фото: ABACA / Abaca Press / Profimedia

Засега не е познато кај кого точно ќе престојува Лубо, бидејќи децата на актерот во последно време жестоко се расправаа и се обвинуваат едни со други, а сето тоа поради наследството на нивниот татко.

Поранешната партнерка на Ален Делон, Розали ван Бримен / Фото: ABACA / Abaca Press / Profimedia

Синовите на Ален дојдоа заедно на погребот и ги погледнаа прошталните пораки што луѓето ги оставаа за големиот актер, љубезно зборуваа со луѓето и се прегрнуваа еден со друг во знак на утеха.

Антони Делон и Ален Фабијан Делон / Фото: GUILLAUME SOUVANT / AFP / Profimedia

Меѓутоа, нивната сестра Анушка, со која во последно време не се во добри односи, дојде сама.

Пред имотот на Делон имаше многу луѓе кои дојдоа за последен пат да се простат од легендарниот актер.

Фото: Poitout Florian/ABACA/Shuttersto / Shutterstock Editorial / Profimedia

 

Почина Ален Делон, легендата на француската и светската кинематографија

Ален Делон сакаше да умре уште од 2018 година: Го мразам времето во кое живееме, сè е лага и само парите се важни

Семејството на Ален Делон одби да ја исполни бизарната последна желба на актерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот