Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Александра Шијакоска откри дека e бремена по вторпат: „Одиме напред, посилни и побогати за уште една љубов“

Македонската инфлуенсерка и модна блогерка Александра Шијакоска откри дека таа и нејзиниот сопруг Едмонд Весели ќе станат родители по вторпат.

Шијакоска ја објави среќната вест на својот инстаграм-профил, каде сподели низа семејни фотографии покрај плажа. Парот и нивниот син Риан беа облечени во модни комбинации во беж боја и позираа со фотографиите од ултразвук на бебето што го очекуваат.

– Имаше денови кога се што имав беше надежта. Тивка, мала, но силна. Денес таа надеж е љубов што ја живеам секој ден, мало раче што ме држи и нов живот што тивко расте под моето срце. Благодарни за се што имаме, со најсилна вера во се што доаѓа, одиме напред, посилни и побогати за уште една љубов. Моето срце никогаш не било пополно – напиша Шијакоска покрај фотографиите.

Да потсетиме, Александра Шијакоска и Едмонд Весели се венчаа пред две години кога направија забава, на која присуствуваа нивните најблиски роднини и пријатели. Во ноември минатата година тие го добија нивниот син, кој го крстија Риан.

ФОТО | Новогодишна магија исполнета со љубов: Александра Шијакоска со сопругот Едмонд и малиот Риан во празнична идила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот