Александра Шијакоска - Фото: Инстаграм

ФОТО | Новогодишна магија исполнета со љубов: Александра Шијакоска со сопругот Едмонд и малиот Риан во празнична идила

Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска ги разнежи своите следбеници споделувајќи преубави новогодишни фотографии со сопругот Едмонд Весели и нивниот син Риан. Празничните фотографии зрачат со топлина, нежност и семејна идила, доловувајќи ја магијата на моментите што се паметат цел живот.

Во внимателно уреден новогодишен амбиент, исполнет со светилки, снежни детали и празнична атмосфера, Александра, Едмонд и малиот Риан, создаваат спомени што ќе останат во нивниот сеемен албум, како потсетник на уште една убава и успешна година заедно.

Покрај фотографиите, инфлуенсерката сподели и емотивен текст, кој зборува за минливоста на времето и вредноста на семејните моменти:

„Сликајте… без причина и со причина. Ваквите моменти минуваат пребрзо. Децата растат за миг, деновите летаат, а ние често не сфаќаме колку убаво ни било додека трае. Нека ни останат сликите, да не потсетуваат на смеата, прегратките и љубовта. Ако сака Господ и ако таков ни е патот, еден ден, кога ‘сега’ ќе стане ‘некогаш’, ќе имаме каде да се вратиме. Барем на кратко.“

Овие новогодишни фотографии се уште еден доказ дека вистинската празнична магија се мери со љубовта, блискоста и заедничките мигови што го прават животот навистина убав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот