ФОТО | Адам Лабунски повторно ги остави без здив своите фанови: Само еден пешкир ја крие машкоста на пејачот

Фото: Принтскрин - Instagram

Пејачот Адам Лабунски се прослави по своето учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и околу него во последната сезона се крена голема прашина. Освен по талентот и по изгледот, Лабунски е запомнет и по скандалот што се случи со Марија Шерифовиќ која беше негова менторка и поради кој нашиот претставник беше отстранет од шоуто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adam Labunski II (@adamlabunski)


Иако кај него нема ништо ново на музички план, Адам своите обожавателките ги воодушевува со секси фотографии на кои го покажува своето тело. Лабунски повторно ги „фрли“ своите обожавателки во транс откако сподели фотографија на која позира потполно гол, криејќи ги интимните делови со пешкир, кој изгледа како во секој момент дека ќе се лизне од неговата половина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adam Labunski II (@adamlabunski)


Оваа фотографија пејачот ја сподели на својот инстаграм – профил, а истата за рекордно време собра повеќе од 300 допаѓања.

Адам кој е познат и како син на фолк-пејачот Ибро Лабунски на големо разочарување на своите обожавателки е ветен за друга. Пејачот пред две години ја побара раката на својата сакана Џејлана поради која често добиваше вознемирувачки пораки на социјалните мрежи. Поради верата на неговата партнерка беше напаѓан на социјалните мрежи, а некои дури и му сугерираа да смири со својата поранешна девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adam Labunski II (@adamlabunski)


Сепак љубовта е посилна од сè!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот