Форумот „Philosophia Christiana“ со двојна програма во Скопје

Библиотеката „Браќа Миладиновци“, на 27 и 28 ноември ќе биде домаќин на две тематски дискусии во рамките на Форумот за интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“, проект на фондацијата „Свети Фотиј Велики“ – Скопје.

Форумот функционира како отворена платформа за разговор и споредување идеи од различни философски, теолошки, социјални, етички и културолошки перспективи, со цел да го зајакне јавниот дијалог и критичкото мислење. Настаните започнуваат во 19 часот и се со слободен влез за сите заинтересирани.

Првата дискусија, насловена Homo Veritatis: За вистината во јавниот дискурс, ќе се одржи на 27 ноември. Учесниците ќе се обидат интердисциплинарно да го отворат прашањето за вистината и начинот на кој се гради, интерпретира и злоупотребува во современото општество. Гости на овој разговор се Дионисиос Склирис, професор по философија на Богословскиот факултет во Атина и новинар во неделникот To Vima, како и Ненад Марковиќ, професор по политички науки и еден од основачите на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. Дискусијата ќе се одвива на англиски јазик.

Следниот ден, на 28 ноември, ќе се одржи втората тема во рамките на форумот – Homo Religiosus: За човекот како религиозно битие. Овој разговор ќе ги допре значењата, улогата и интерпретациите на религиозноста во европската културна традиција. На панелот ќе учествуваат Сотирис Митралексис од Лондонскиот универзитетски колеџ (UCL) и Институтот за православни христијански студии во Кембриџ (IOCS), како и Александар Таковски од AAB Колеџот во Приштина. И оваа дискусија ќе се одржува на англиски јазик.

Организаторите најавуваат дека двата настана се отворени за јавноста и очекуваат посета од сите кои сакаат да ја продлабочат својата перспектива за улогата на вистината и религиозноста во современиот јавен и културен контекст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот