„Форбс“ ги објави најмоќните жени во светот во 2023 година: Урсула фон дер Лајен, Кристин Лагард, Тејлор Свифт…

Урсула фон дер Лајен / Кристин Лагард / Тејлор Свифт / Бијонсе/ Фото: BRITTA PEDERSEN / AFP / Profimedia/ Архива / Профимедиа / Инстаграм

Како и секоја година во декември, угледниот магазин „Форбс“ објави листа на највлијателни жени во 2023 година, а на листата се најдоа бројни имиња од светот на политиката, економијата, но и од шоубизот.

Меѓу другото, на овогодинешната листа на „Форбс“ се најдоа имињата на оние жени кои имале силно влијание меѓу популацијата, а тука свое место најдоа и Тејлор Свифт и Бијонсе.

„Како и секогаш, листата на моќ за 2023 година се одредува со четири главни показатели. Пари, медиуми, влијание и сфера на влијание. За политичките лидери се гледаше БДП и населението“, наведоа од „Форбс“.

 

Овогодинешната листа на најмоќни жени ја предводи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Таа беше именува за претседателка на ЕК во јули 2019 година. Таа е првата жена на таа функција и е одговорна за законите што влијаат на повеќе од 450 милиони Европејци“, се наведува.

Интересно е што на второто место се најде претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард.

„Таа на 1 ноември 2019 година стана првата жена на чело на Европската централна банка. Како шеф на европската монетарна политика, Лагард се соочува со бројни предизвици“, се објаснува.

Третото место на листата го зазеде потпретседателката на САД Камала Харис, а на четвртата позиција е премиерката на Италија, Џорџа Мелони.

„Подемот на Мелони на власт беше неверојатен, а нејзиното влијание е видливо, како во Италија, така и на меѓународната сцена. Нејзината позиција во рангирањето сведочи за нејзината политичка остроумност и способност да се движи низ сложениот свет на глобалната политика“, стои во анализата.

Во анализата на „Форбс“ за најмоќните жени во 2023 година, се наведува и дека женската моќ денес стои на клучна раскрсница која се карактеризира со остар контраст и неостварени ветувања.

„Клучот за напредокот лежи во рамнотежата помеѓу цврстата и меката моќ, отклучувајќи го целосниот потенцијал на женското лидерство. Оваа потреба никогаш не била поочигледна. Ова е потреба на која мора да обрнеме внимание за да создадеме поотпорен и поправеден свет“, заклучуваат во „Форбс“.

Зошто една културна икона како Тејлор Свифт се рангира меѓу првите пет најдобри, рамо до рамо со жените кои водат политички на светската сцена?

Најзабележително, драматичниот пораст на Тејлор Свифт од #79 на #5 претставува олицетворение на нов архетип на влијание, што сигнализира промена од традиционалната политичка и корпоративна моќ, а тоа далеку ги надминува традиционалните граници на забавата. Нејзиното економско влијание оваа година е запрепастувачко: се наведува дека само турнејата на Свифт „Ерас“ донела рекордни 850 милиони долари, а се проценува дека ја поттикнала американската економија за над 5 милијарди долари. Нејзините иновативни деловни стратегии ги редефинираа индустриските норми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот