Фон дер Лајен: Постигнавме добар и фер договор со Велика Британија

Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Конечно постигнавме договор, изјави претседателката на Европска Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен по склучениот трговски договор меѓу Европска Унија (ЕУ) и Велика Британија. Договорот е постигнат на една недела пред истекот на транзицискиот период на Брегзит и по повеќе од четири години од излезот на Велика Британија од ЕУ.

Лајен на прес-конференција во Брисел истакна дека Договорот е за праведно учество на единствениот пазар каде се почитуваат правата и стандардите на ЕУ. Таа додаде дека ќе продолжи соработката со Велика Британија, како „трета земја” во сите области од заеднички интерес, како што се климатските промени, безбедноста и транспортот.

– Заедно можеме да направиме многу повеќе отколку одвоени, истакна Лајен.

Европската Комисија треба да потврди постигнатиот договор на состанок на еврокомесарите, како и парламентите на ЕУ и на Велика Британија.

„Би-Би-Си“: ЕУ и Велика Британија, конечно, постигнаа трговски договор

Во европскиот буџет се предвидени пет милијарди евра помош за европските компании и за сите кои ќе бидат погодени од конечното раздвојување на Велика Британија на 31 декември во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот