Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта во Сирија со Ал-Шара/Фото: AFP / AFP / Profimedia

Фон дер Лајен од Дамаск: Европа ќе направи „сè што може“ за да ѝ помогне на Сирија

Европа ќе направи „сè што може“ за да помогне во обновата на Сирија, вети денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со сирискиот лидер Ахмед ал-Шара во Дамаск, додека крвавите битки меѓу армијата и курдските борци продолжуваат во Алепо, пренесува Анадолу.

„Европа ќе направи сè што може за да ја поддржи обновата и реконструкцијата на Сирија“, рече Фон дер Лајен во порака на платформата за социјални медиуми Икс, нагласувајќи дека „иднината на Сирија им припаѓа на сите Сиријци“.

Двете страни разговараа за прашања од билатералната соработка, како и за „хуманитарните прашања и прашањата за азил во Европа“, соопшти сириското претседателство.

Сирија е вовлечена во деликатна транзиција откако коалицијата на исламисти го собори Башар ал-Асад пред една година, по речиси 14-годишна граѓанска војна.

Европската унија на 20 мај ги укина сите економски санкции што ги воведе врз Сирија за време на режимот на Асад.

Неколку европски комесари веќе патуваа во Дамаск по падот на Асад, секој пат најавувајќи различни програми за помош за земјата што е уништена по години војна.

Во март 2025 година, ЕУ вети дека ќе обезбеди 2,5 милијарди евра за Сирија во текот на две години.

Светската банка проценува дека обновата на Сирија би можела да чини до 216 милијарди долари.

Двајцата европски претставници се на турнеја низ регионот и вчера, во четврток, го посетија Јордан, додека подоцна денес се очекува да го посетат Либан.

Во заедничка изјава издадена по нивните состаноци во Аман, ЕУ и Јордан ветија дека ќе продолжат да работат „за поддршка на мирна и инклузивна транзиција“ во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот