ФК Вардар: Во Кавадарци го играме финалето на целата историска сезона

Фото: ФК Вардар

В недела на 21 мај од 17.00 часот на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се игра баражот помеѓу ФК Вардар и ФК Скопје кој ќе одлучи кој ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, а кој во Втората, следната натпреварувачка сезона 2023/2024.

Играчите на Скопје (10 позиција во регуларниот дел во ПМФЛ) ќе се обидат да обезбедат опстанок во елитата, а фудбалерите на Вардар (третопласирани во регуларниот дел од сезоната во 2МФЛ) атакуваат на враќање во ПМФЛ.

Вардар го најави натпреварот за кој ги повикува навивачите во остварувањето на целта клубот да се врати во нашата најквалитетна фудбалска лига по две години.

Во Кавадарци го играме финалето на целата историска сезона. Точно 90 минути, нè делат од враќањето во Првата македонска фудбалска лига. Две години се бориме против сè. Искрено, чесно, од срце за Вардар. Сега е време сите да ја видат нашата сила и сплотеност. Во недела, ја повикуваме Вардаровата армија од навивачи, да го преплави Кавадарци.

Поддршката од трибините, славното минато, и пркосот кој нашите фудбалери го покажуваат целиот овој период, ќе бидат наш најголем адут, во битката против екипата на ФК Скопје. Постарите ќе се присетат на натпреварот против Трепча, помладите на натпреварот против ЦСКА и Фенербахче. Во недела, одиме по уште една историска победа! Дојди во Кавадарци, потребен си му на Вардар! – пренесуваат од ФК Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот