Фирма се обидела да им продаде вијагра и забранет лек за слабеење „сибутрамин“ на македонските граѓани

Царинската управа спречи влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните. Царинските  службеници на влез на Меѓународен Аеродром Скопје спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „Силденафил Цитат Упс“ и „Сибутрамин“, коишто се штетни по здравјето на граѓаните. Лековите не се регистрирани во Агенција за лекови, а фирмата увозник немала ниту дозвола за промет на големо со медицински средства односно не е впишана во регистарот на правни лица за вршење на ваков вид дејност.

Не е првпат во Македонија да биде регистрирана ваква супстанца „сибутрамин“ и таа беше предмет на судски спор во минатото.

„Слимлајн“ купувале кинески готови апчиња и само им давале свое име

По вештачењето е утврдено дека медикаментите Сибутрамин е супстанца која се наоѓа на Националните листи на контролирани опојни дроги и психотропни супстанци и истата претставува стимуланс на централниот нервен систем. Уште повеќе, утврдено дека истата предизвикува појава на срцеви и мозочни удари, поради што медикаментите коишто содржат сибутрамин се забранети за продажба од страна на ЕУ од 2010 година.

Медикаментите Силденафил Цитат Упс (вијагра) пак претставува супстанца која влегува во состав на медикаменти за лекување и истата подлежи на контролирана продажба.

Случајот е преземен од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при што против правното лице ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот