Холандски и американски авиони „ф35а“ во формација - Фотографија Профимедиа

Финскиот борбен авион Ф-35 го изврши првиот лет

Првиот фински ловец од петта генерација, Ф-35, го имаше својот прв лет, објави американскиот портал „Нешнл Интерест“, повикувајќи се на податоци од дизајнерското биро на „Локид мартин“.

Авионот, означен како JF-501, полета на 10 декември во Форт Ворт, Тексас. Според публикацијата, првиот фински Ф-35 полета точно четири години откако Хелсинки одлучи да го избере моделот за победник на националната програма Х Фајтер, која има за цел да ја замени сегашната флота ловци F/A-18.

Според плановите на финската влада, Ф/A-18 ќе бидат целосно заменети со Ф-35 до 2030 година. Се очекува првите примероци од новиот авион да влезат во оперативна служба со финските воздухопловни сили на почетокот на 2026 година. Вкупно, Финска ќе набави 64 ловци од петта генерација од Соединетите Американски Држави.

Порано, порталот Брејкинг дифенс објави дека ловците Ф-35 опремени со европски ракети воздух-воздух со долг дострел „Метеор“ успешно ги поминале копнените тестови.

Исто така, порталот ТВЗ објави во декември дека компанијата „Нортроп Груман“ развива нов дрон „Талон“, кој во иднина би можел да дејствува како помошна платформа за ловецот од петта генерација Ф-35.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот