Универзитетска клиника кардиохирургија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Финансиската полиција истражува пријавени злоупотреби на Клиниката за кардиохирургија

Универзитетската клиника за кардиохирургија под лупа на Финансиската полиција, објави телевизијата „24“. Оттаму велат дека во тек е предистрага, со цел да се утврди дали на клиниката имало злоупотреби и незаконско постапување со јавни пари.

Проверката започнала откако до Управата за финансиска полиција стигнала анонимна пријава, во која се наведуваат сомнежи за сериозни неправилности во работењето на државната клиника.

„Во Управата за финансиска полиција е пристигната анонимна пријава во која се истакнати наводи за неправилности во работењето на ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, за што од наша страна во тек се проверки и предистражни дејствија со цел утврдување на евентуални неправилности и инкриминирани дејствија во рамките на надлежноста“, велат од клиниката за ТВ „24“.

Клиниката, во меѓувреме пак се соочува и со алармантен одлив на стручен кадар. Во моментов функционира само со двајца кардио-анестезиолози, кои се клучни за операциите на срце. Министерот за здравство најави дека дел од проблемот ќе се решава со ангажман на доктори од Словенија, кои би работеле заедно со нашите хирурзи за да нема застој во операциите. Но, освен најавите, засега нема конкретни информации кога тоа ќе се реализира. Од Министерството за здравство велат дека допрва треба да се потпише договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот