Архивско фото

МКД.мк: Филозофскиот факултет на магистерски и докторски студии запишувал луѓе без завршени додипломски

Студенти без додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии. Откако ова било откриено од Државниот просветен инпекторат и студиите им биле прекинати на запишаните студенти, сега нема кој да им ги врати парите, објави порталот МКД.мк.

Според сознанијата на порталот, се работело за десетина запишани студенти на магистерски и докторски студии, на кои по интервенција на инспекторите им биле прекинати студиите.

Уписот на магистерски студии чини околу 2-3 илјади евра, а на докторските студии на Филозофскиот факултет чини 5-6 илјади евра.

Студентите сега си ги бараат парите назад, но не добиваат никаков одговор од деканатот.

Неофицијално, дел од нив веќе ангажирале адвокати, а по записникот од Државниот просветен инспекторат паниката се преселила во деканатот на Филозофскиот факултет.

Од Министерството за образование одговорија дека по поднесена пријава, Државниот просветен инспекторат спровел вонреден инпекциски надзор. Утврдено било дека на Филозофскиот факултет биле запишувани студенти на втор и трет циклус на студии (магистерски и докторски студии) без исполнување на условите предвидени со Законот за високото образование. Оттука, од Инспектаротот се донесени решенија за да се поништат извршените уписи.

Декан на Филозофскиот факултет е Оливер Бакрески, а во периодот кога студентите биле запишувани тој бил продекан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот