Плакат за настанот „Среќата во светот на сенките: Платон и стоиците“

Философот д-р Виктор Илиевски ќе одржи предавање за Платон и стоиците во книжарница „Три“

Предавање од философски и книжевен карактер со тематски наслов „Среќата во светот на сенките: Платон и стоиците“ од философот д-р Виктор Илиевски ќе се одржи на 20 февруари, со почеток од 19 часот, во книжарницата „Три“ (ГТЦ) во Скопје.

Со предавањето на Илиевски се продолжува серијалот книжевни настани „Средби меѓу книгите“, што веќе цела зима ги грее срцата на читателите на изданијата на „Три“. Предавањето ќе биде посветено на паралелите помеѓу изучувањата на Платон и стоицизмот, кои тој ги поврзува преку концептот на среќата во светот на сенките.

Виктор Илиевски е постдокторски истражувач по античка филозофија на Универзитетот во Виена. Негов посебен интерес се платоничарската метафизика, космологијата и теологијата.

Од „Три“ упатуваат покана заедно со читателите да го отплеткаат јазолот и да се наполнат со мудри мисли и греано вино. „Празниот сад испушта најсилен звук“, рекол еднаш Платон, па затоа нема да се чујат ниту празни зборови ниту чашите ќе останат празни. Настанот е од отворен карактер и секој е добредојден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот