„Мајкл“ (Michael) / На фотографијата е Џафар Џексон во улогата на Мајкл Џексон / Фото: LIONSGATE / Planet / Profimedia

ВИДЕО | Филмот за Мајкл Џексон ги урна сите рекорди – 116 милиони прегледи на трејлерот за еден ден

Тизер трејлерот за биографскиот филм „Мајкл“ (Michael), посветен на животот и музичкото наследство на Мајкл Џексон, постави нов рекорд во филмската индустрија. За само дваесет и четири часа од објавувањето трејлерот собра 116.2 милиони прегледи и стана најгледаниот трејлер во историјата на студиото „Лајонсгејт“, но и најуспешниот тизер некогаш направен за музички биографски или концертен филм, според податоците на „Вејв метрикс“.

Овој резултат го постави „Мајкл“ над сите досегашни рекордери. Филмот „Тејлор Свифт: турнејата ‘Ерас’“ (Taylor Swift: Eras Tour) достигна 96.1 милион прегледи во првиот ден, „Боб Марли: Една љубов“ (Bob Marley: One Love) 60.1 милион, а зад него останаа и „Боемска рапсодија“ (Bohemian Rhapsody) со 57.6 милиони и претстојниот биографски филм за Боб Дилан, „Целосно непознат“ (A Complete Unknown), кој собра 47.2 милиони.

Тизер-трејлерот за „Мајкл“ беше објавен утрото, паралелно со финансиските резултати на студиото, и за само шест часа надмина триесет милиони прегледи ширум светот, што е околу педесет проценти повеќе од резултатот на „Џон Вик 4“ (John Wick: Chapter 4) во истото време.

Филмот го режира Антоан Фукуа, а главната улога му е доверена на Џафар Џексон. Во актерската екипа се и Нија Лонг како Кетрин Џексон, Колман Доминго како Џо Џексон и Мајлс Телер во улога на адвокатот Џон Бранка. Сценариото е на Џон Логан.

Премиерата на филмот е закажана за 24 април 2026 година.

ВИДЕО | Објавен е првиот трејлер за контроверзниот биографски филм за Мајкл Џексон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот