Филков: Можеби е дојдено време за ревидирање на Бадентеровото мнозинство
Министерот за правда Игор Филков вели дека можеби е дојдено време да се ревидира Бадентеровото мнозинство и дека Македонија мора да оди напред. Тој во интервју за неделникот „Фокус“ зборува за донесувањето на Изборниот законик во Собранието, а интервјуто е водено пред саботното гласање во македонското Собрание на кое не се изгласаа измените во Изборниот законик.
Препорачано
-Се надевам дека до објавувањето на ова издание, Собранието веќе ќе ја има завршено домашната рабвота и нема да дозволи да се создаде правен вакуум. Но, доколку тоа не се случи, значи употребата на Бадентеровото мнозинство се злоупотребува. Ако е така, тогаш можеби е дојдено време да размислиме за потребата тоа да се ревидира. Македонија мора да оди напред – одговори Филков.
Тој не одговори во која насока би одело можното менување на Бадентеровото мнозинство.
Сега е познато дека измените во Законикот не се донесоа поради ставот на ДУИ чии пратеници беа против и со што не можеше да се исполни Бадентеровиот принцип. Потпретседателот на ДУИ и актуелен кандидат за градоначалник на Чаир Бујар Османи на својот профил на Фејсбук реагира и напиша дека „со ова се потврдува дека планот за демонтирање на Охридскиот договор се реализира чекор по чекор“.
На оваа изјава на министерот Филков, со реакција се огласи потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и актуелен кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, кој на Фејсбук напиша: „Со ова се потврдува дека планот за демонтирање на Охридскиот договор се реализира чекор по чекор”.


